ДСЗИ: Операцијата на починатото момче ја извршил лекар од ПЗУ„ Јанита“ во изнајмена сала – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/19 6:53 PM

ДСЗИ: Операцијата на починатото момче ја извршил лекар од ПЗУ„ Јанита“ во изнајмена сала

Државниот санитарен и здравствен инспекторат го соопшти името на ординацијата каде што му била извршена интервенција на 29 годишно момче кое што вчера почина во Градската општа болница„ 8 Септември“. Станува збор за ПЗУ „Јанита“ која се наоѓа во општина Тафталиџе. Иамето на втората каде што лекарот изнајмил операциона сала се уште не се соопштува бидејќи таму, се уште трае инспекцискиот надзор.

„ Се работи  за ПЗУ „Јанита“, а лекарот кој што ја извршил интервенцијата е Звонко Николовски, специјалист по општа хирургија. Тој за да ја изврши интервенцијата изнајмил операциона сала во друга приватна здравствена установа, каде што се уште трае инспекцискиот надзор и се проверуваат сите документи“, изјави за НОВА и Ирина Бухова, директорка на ДЗСИ.

Таму ќе треба да се утврди дали смееле да вршат таква интервенција, каква опрема имаат, со каков кадар располагаат, кога се земени брисеви последен пат од операционата сала.

Неофицијално, лекарот кој што ја извршил интервенцијата на хемороиди, доаѓал дома кај момчето кое после операцијата добило висока температура, за да му дава инфузија.

Како што веќе објави НОВА, кога ситуацијата се влошила младиот човек бил префрлен во болницата „8 Септември“, каде по неколку часа починал.

НОВА  стапи во контакт со ПЗУ „Јанита“од каде што ни одговорија дека нема ништо спорно во тоа што била изнајмена операциона сала во друга здравствена установа. Од таму потврдија дека интервенцијата на хемороидите била правена во понеделникот, а вечерта момчето почнало да повраќа и добило дијареја, но без температура.

„ Ние бевме цело време со него и во болницата „8 Септември“,каде беа направени сите анализи. Некои параметри покажаа поретемување на црниот дроб. Момчето немаше температува. Но, треба да ги почекаме резултатите од инспекцискиот надзор, кога ќе имаме поточни информации“, изјавија за НОВА во ПЗУ„ Јанита“.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат го започна инспекцискиот надзор на повик од службите од болницата по смртта на момчето. Нема официјална потврда за причината за смртта, но најверојатно станува збор за сепса. По барање на семејството телото не било предадено на обдукација.

Момчето било донесено на 21.02. 2019 година( вчера) во 11 часот, а починало вечерта меѓу 18 и 19 часот болницата „8 Септември“.

Од Градската општа болница „8-ми Септември“  соопштија дека сите информации ќе се добијат од ДСЗИ кој врши вонреден инспекциски надзор , а сите потребни информации и податоци се дадени на инспекторскиот тим. Се во во интерес на расчистување на евентуалните пропусти.
izvor-nova tv