Среде бел ден убиен Мирко Бутулија – претседателот на РК Црвена Звезда – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/19 5:48 PM

Среде бел ден убиен Мирко Бутулија – претседателот на РК Црвена Звезда

Убиство и самоубиство на видни спортски функционери ја потресе соседна Србија попладнево. Сите медиуми од северното соседство јавија за пукотниците во просториите на Автомото сојузот на Србија (АМСС). Во раните попладневни часови во Белград убиен е Мирко Бутулија, претседателот на ракометниот клуб Црвена Звезда и прв човек на АМСС.

43-годишниот Бутулија е убиен со серија на истрели од пиштолот на генералниот секретар на АМСС, Предраг Ѓурџев. Веднаш откако го застрелал Бутулија со неколку истрели (некои српски медиуми јавуваат за четири, а некои за осум куршуми), Ѓурџев извршил самоубиство. Бутулија починал во белградската болница.

Бутулија беше супер успешен на двете функции, прв Балканец кој влезе во Управниот одбор на ФИА и татко на четири деца.

Мотивот за убиството е непознат, но вработени во АМСС тврдат дека Предраг Ѓурџев бил пред психичко растројство деновиве

преземено:gol.mk