Штип:Вработен кај еден извршител украл пари од сметката на друг извршител – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/19 5:13 PM

Штип:Вработен кај еден извршител украл пари од сметката на друг извршител

СВР Штип поднесе кривична пријава против чериесетишестгодишниот К.К. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во периодот од 11 јануари 2016 до 17 октомври 2018 година пријавениот, како административен работник кај извршител, од трансакциската сметка на друг извршител, со која располагал неговиот работодавач, префрлил 1.425.956 денари на трансакциските сметки на шест лица, кои се во родниниски врски со истиот.По оваа завршена активност тој  од банкомат со нивни платежни картички ги повлекувал паричните средства.