Захарова: САД распоредуваат специјални сили во близина на границата на Венецуела – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/19 4:29 PM

Захарова: САД распоредуваат специјални сили во близина на границата на Венецуела

Руското Министерство за надворешни работи денеска ги обвини САД и неговите сојузници во НАТО поради најавата за можно вооружување на опозицијата во Венецуела.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека САД распоредуваат специјални единици и опрема во близина на таа јужноамериканска држава.

Постојат информации дека САД и нивните сојузници од НАТО работат на зделка за купување големо количество оружје и муниција од една источноевропска држава, кое ќе го предадат на опозициските сили во Венецуела, нагласи Захарова. Таа дополни дека САД планираат кон почетокот на март на опозицијата да го предадат оружјето од украинската компанија „Антонов“

Според неа, утрешниот обид за достава на хуманитарна помош ќе биде искористен за предизвикување судири и ќе биде изговор за американска воена интервенција за насилна смена на актуелниот претседател Николас Мадуро.

Русија го поддржува Мадуро, додека САД и повеќето западни земји стојат зад опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за претседател.

 

Извор: Македонска информативна агенција