Котевски-Со извештајот за истрагата ќе ја поднесам и оставката – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/19 1:51 PM

Котевски-Со извештајот за истрагата ќе ја поднесам и оставката

Директорот на КПУ „Скопје“ Ѓоко Котевски денеска изјави дека го прифаќа барањето на премиерот Зоран Заев и ќе поднесе оставка по вчерашните инциденти во затворот.

-Јас сум одговорен човек и професионалец во службата и кога службата ќе потфрли логично е од професионални и морални причини да се поднесе оставка. Од досегашната истрага утврдени се пропусти и непочитување на стандардните безбедносни протоколи во службата за обезбедување на затворот во Скопје. Одговорноста за тоа ја преземам јас, рече Котевски во изјава за медиумите пред КПУ „Скопје“.

Котевски информираше дека по вчерашниот инцидент Јанакиевски и Ристоски биле преместени во т.н.,,хашка соба“.

Тој потенцира дека се преземени нови мерки за поголема безбедност,а повикан е и поголем број на затворски чуваеи.Јанакиевски и Ристоски се издвоени од другите затвореници и слободното време ќе го поминуваат во други шеталишта.

Директорот на затворот рече дека за време на инцидентот на местото имало само едно лице кое го обезбедувало просторот.Се спроведува истрага за да се провери дали се нарушени протоколите.

Премиерот Заев денеска побара оставка од Котевски по вчерашните два инцидента во дворот во затворот во кои учествуваа поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Заев го осуди чинот и наведе дека без разлика кој е виновен за инцидентите директорот треба да понесе одговорност.