Снимени џиновски животни за кои науката мислеше дека се изумрени – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/19 11:04 AM

Снимени џиновски животни за кои науката мислеше дека се изумрени

Во последните неколку седмици научниците фотографираа два животински вида за кои се сметаше дека се исчезнати – џиновска желка и најголемата пчела на светот.

На стровот Фернандина на Галапагос пронајден е вид џиновска желка за која се веруваше дека дефинитивно изумрела, бидејќи последен пат е видена на тој остров во 1906 година, пренесува СНН.

Џиновската желка сега ја пронашле членови на експедицијата ГТРИ. Ќе следува генетско испитување дали дефинитивно се работи за тој вид желка што се сметаше за изумрен, а од експедицијата велат дека виделе во близина траги и од други единки од истиот вид, што значи дека пронајдената веројатно не е и единствена.

Неодамна научниците најдоа и друг фасцинантен вид – најголемата пчела на светот, која е долга околу четири сантиметри или колку човечки палец. Џиновската пчела, вид што последен пат бил забележан пред четири децении, била регистрирана на Северните Молучки Острови.