Во текот на 2018 бројот на натурализирани австриски државјани пораснал за 1,9 отсто во однос на 2017 година.
Статистичкиот завод на Австрија, како што пренесуваат медиуми од БиХ, соопштил дека лани австриско државјанство добиле 9.450 луѓе, од кои 34,2 отсто се помлади од 18 години.
Меѓу натурализираните Австријци најчести се поранешни државјани на Босна и Херцеговина (1.033 или 10,9 отсто), потоа на Турција (828), па на Србија (625), Косово (586), Романија (456)…


