Над 2.500 деца во Сирија би требало повторно да се соединат со своите семејства во своите татковини – соопшти организацијата „Да ги спасиме децата”, чии податоци покажуваат дека овие деца потекнуваат од 30 земји, вклучувајќи ги Германија, Франција, САД и Велика Британија, а се од семејства со вистински или наводни врски со терористичка група Исламска држава (ИД).
Децата во моментов се наоѓаат во три кампови во североисточниот дел на Сирија и немаат пристап до основни здравствени институции, храна и образование.