НВО: Загрозени деца од странство во Сирија – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/19 9:56 AM

НВО: Загрозени деца од странство во Сирија

Над 2.500 деца во Сирија би требало повторно да се соединат со своите семејства во своите татковини – соопшти организацијата „Да ги спасиме децата”, чии податоци покажуваат дека овие деца потекнуваат од 30 земји, вклучувајќи ги Германија, Франција, САД и Велика Британија, а се од семејства со вистински или наводни врски со терористичка група Исламска држава (ИД).

Децата во моментов се наоѓаат во три кампови во североисточниот дел на Сирија и немаат пристап до основни здравствени институции, храна и образование.