Емомали Рахмон, претседтелот на Таџикистан, вчера побарал помалку да го фалат зашто оценува дека премногу се пеат песни во негова чест, пренесува државната телевизија на Таџикистан.
Шеесет и шестгодишниот Рахмон, кој на чело на Таџикистан е од 1992 година, изразува „загриженост“ поради претераната промоција на неговата личност во музичките видео-спотови.
„Претседателот им даде инструкции на надлежните во Одборот за електронски медиуми повеќе да се фалат неуморната работа на народот, важните достигнувања на земјата и исклучителната природа“, наведува телевизијата на таа централноазиска земја со развиен култ на личноста.


