Претседателот на Таџикистан забрани да го фалат – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/19 9:49 AM

Претседателот на Таџикистан забрани да го фалат

Емомали Рахмон, претседтелот на Таџикистан, вчера побарал помалку да го фалат зашто оценува дека премногу се пеат песни во негова чест, пренесува државната телевизија на Таџикистан.

Шеесет и шестгодишниот Рахмон, кој на чело на Таџикистан е од 1992 година, изразува „загриженост“ поради претераната промоција на неговата личност во музичките видео-спотови.

„Претседателот им даде инструкции на надлежните во Одборот за електронски медиуми повеќе да се фалат неуморната работа на народот, важните достигнувања на земјата и исклучителната природа“, наведува телевизијата на таа централноазиска земја со развиен култ на личноста.