Пентагон ја надлетува Русија – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/19 9:27 AM

Пентагон ја надлетува Русија

Министерството за одбрана на САД соопшти дека ќе спроведе набљудувачки лет над Русија за да се проценат руските воени активности и додаде дека летот е во согласност со меѓународната спогодба „Отворено небо“, потпишана во 1992 во Хелскинки, а која стапи на сила во 2002 година. Таа им овозможува на 34. земји-потписнички да надлетуваат туѓи територии со цел за взаемно надледување на воените активности.

– Ова е прв лет што САД го спроведува над Русија од ноември 2017 година – изјави портпарол на Пентагон.

Летот ќе трае два дена, а американскот авион, во кој ќе има и руска делегација, Русија ќе ја напушти утре.