Владата а Србија синоќа во Германија испрати авион, кој од аеродромот во Дортмунд го донесе телото на познатиот пејач на народна и новокомпонирана музика, Шабан Шаулиќ, кој на 17 февруари загина во сообраќајна несреќа во Германија.
Погребот на Шаулиќ треба да се изврши денеска во 15 часот во Алејата на заслужни граѓани на белградските Нови гробишта.


