Мицкоски се обиде да го посети Јанакиески, болничкото обезбедување не му дозволи – ММС
ММС

Објавено на: 02/21/19 7:34 PM

Мицкоски се обиде да го посети Јанакиески, болничкото обезбедување не му дозволи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  вечерва се обиде да го посети Јанакиески во Болницата „Осми септември“, но обезбедувањето го спречи во тоа, укажувајќи му  дека треба да побара одобрение од судот бидејќи на Јанакиески му е изречен 30-дневен притвор.

Заедно со Мицкоски вечерва беа и неговите сопартијци Владо Мисајловски, Игор Јанушев и Јохан Трчуловски.

Денешниот ден тој го оцени како црн ден за демократијата и обвини дека државата не успеала да ги заштити притворениците Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кој исто така учествувал во денешниот инцидент во затворот.

„Не ми дозволија да го видам  Миле Јанакиески, ниту пак некој од болницата дојде да ни објасни што се случило, ниту некој ни кажа како ќе се развиваат работите натаму. За волја на вистината дојде само дежурниот доктор, ни ја објасни дијагнозата, дека има повреди по телото“.

Мицкоски најави дека случајот со тепачката во затворот ќе биде пријавен кај меѓународните фактори. Тој побара одговорност  премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за правда Рената Дескоска.