Министерството за правда најостро го осудува денешниот инцидент во Шутка – ММС
ММС

Објавено на: 02/21/19 7:25 PM

Министерството за правда најостро го осудува денешниот инцидент во Шутка

Министерството за правда на Република Северна Македонија најостро го осудува вербалниот, а потоа и физичкиот инцидент во КПУ Затвор – Скопје, и очекува санкционирање на сторителите на насилство, но, и на сите оние кои не презеле мерки за спречување на вакви ситуации.

Воедно, бараме и очекуваме сите надлежни институции да одговорат на највисоко професионално ниво во расветлувањето на денешниот настан.