Три објекти беа зафатени во пожар попладнево во тетовското село Јегуновце – ММС
ММС

Објавено на: 02/21/19 7:01 PM

Три објекти беа зафатени во пожар попладнево во тетовското село Јегуновце

Три објекти беа заафтени во пожар попладнево во тетовското село Јегуновце. Едниот од нив е целосно пеплосан.

Во гасењето на пожарите интервенирале 10 пожарникари, и три противпожарни возила. Пламените јазици избиле во еден помошен објект, кој целосно изгоре, а кај другите два е предизвикана поголема материјална штета.

На помош во гасењето на пожарот, пристигнале и приватни возила.

Со покачување на температурите, тетовските пожарникари интервенираат по неколку пати во текот на денот.