Еден од обвинетите за Диво Насеље тешко го претепал Миле Јанакиески во затворот Шутка? – ММС
ММС

Објавено на: 02/21/19 4:02 PM

Еден од обвинетите за Диво Насеље тешко го претепал Миле Јанакиески во затворот Шутка?

Извори на весникот „Лајм„, информираат дека денеска во затворот Шутка се случил инцидент.

Според нив, член на Кумановската група со иницијали Е.К. го претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.

Според информацијата, детали за тоа како дошло до контакт меѓу Е.К. и Миле Јанакиевски, но велат дека инцидентот се случил во дворот на затворот.

Официјално сè уште нема ниту потврда ниту демант за оваа информација.

За Канал 77, за случен инцидент во затворот во Шутка потврдуваат од Кривичниот суд но немаат информации кој учетсвувал во истиот.

„Од затворот до судот пристигна дека судија по редовна постапка на законот утврдил дека се случил инцидент во затворот, но утре ќе биде известен и судот кој учествувал во инцидентот“, велат од Кривичен.

Сопругата пак на обвинетиот екс министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за Телевизија Сител, изјави дека тој бил нападнат и во моментот се наоѓа во општата градска болница „8 ми Септември“ со повреди на неговата глава.