По цели 13 години во скопската Зоолошка градина започна вториот дел од операцијата „Чисти езера“. Веќе утринава екипи на „Улици и патишта“ и „Водовор и канализација“, заедно со вработените во Зоо Скопје интензивно работат на чистење на езерото кое не беше исчистено повеќе од 13 години.
“Замерките на скопјани беа за езерата и навистина се во право. Чекавме да се подобрат временските услови и веднаш реагиравме. Се надевам во скоро време ќе имаме чисти езера” – изјави директорот Галетановски.