По 13 години за прв пат се чистат езерата во скопската Зоолошка градина – ММС
ММС

Објавено на: 02/21/19 1:46 PM

По 13 години за прв пат се чистат езерата во скопската Зоолошка градина

По цели 13 години во скопската Зоолошка градина започна вториот дел од операцијата „Чисти езера“. Веќе утринава екипи на „Улици и патишта“ и „Водовор и канализација“, заедно со вработените во Зоо Скопје интензивно работат на чистење на езерото кое не беше исчистено повеќе од 13 години.

“Замерките на скопјани беа за езерата и навистина се во право. Чекавме да се подобрат временските услови и веднаш реагиравме. Се надевам во скоро време ќе имаме чисти езера” – изјави директорот Галетановски.