Дунав главен проблем во разграничувањето помеѓу Србија и Хрватска – ММС
ММС

Објавено на: 02/21/19 11:14 AM

Дунав главен проблем во разграничувањето помеѓу Србија и Хрватска

Една година по средбата во Загреб на претседателите на Хрватска и на Србија, Колинда Грабар – Китаровиќ и Александар Вучиќ, и договорот во следните две години да се усогласи решение за границите, согласност меѓу Белград и Загреб нема. Позициите се најоддалечени кога е во прашање разграничувањето на Дунав, пишуваат хрватски и српски медиуми.

Според Белград, иако имало определен напреок во врска со копнените граници, Србија и Хрватска и понатаму се далеку од разграничување на Дунав, а најголем проблем биле два речни острова – Шаренградска и Вуковарска Ада, за кои, според Србија, Хрватска инсистирала на решение што е спротивно на меѓународното право.

Загреб, пак, повторно истакнува дека поранешната меѓурепубличка треба да стане меѓудржавна граница.

Во февруари лани претседатеите на двете држави се договорија дека Хрватска и Србија во следните две години ќе се обидат да постигнат договор за разграничување, а ако не успеат ќе се обратат проблемот да се решава во некоја меѓународна организација.