Јавното обвинителство на Република Македонија за во 11.00 часот закажа прес конференцијата, на која се очекуваат детали за почната истражна постапка, во која инволвирани се Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски. Се очекува да се обрати шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска.
По вчерашното сослушување, определен е притвор за јанакиески и Ристовски, додека за Вељаноски Собранието на РМ треба да одлучува за одземање на пратеничкиот имунитет.
Покрај тројцата сослушани, осомничени се и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија и поранешниот висок функционер во УБК, Никола Бошковски кој побегна во Грција каде побара азил.
Врз основа на новата истрага, се очекува Министерството за правда повторно да побара од унгарските власти екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски.


