Гуаидо повторно ги повика војниците да го напуштат Мадуро – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/19 7:47 AM

Гуаидо повторно ги повика војниците да го напуштат Мадуро

Фото: Ројтерс

Опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател на Венецуела, вчера повторно апелираше до армијата да откаже послушност на актуелниот шеф на државата Николас Мадуро.

Гуаидо по одржаната миса во знак на сеќавање на над 20 граѓани кои се убиени во антивладините протести, истакна дека ќе продолжи со плановите за воспоставување на преодна влада во Венецуела.

Опозицијата вчера во касарните подели копии од усвоениот Закон за амнестија, додека Мадуро посети две воени бази западно од Каракас и упати апел до војниците да останат лојални на неговата влада.