Околу 25.000 јавни службеници во Косово утре на штрајк – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/19 2:32 PM

Околу 25.000 јавни службеници во Косово утре на штрајк

Околу 25.000 јавни службеници најавуваат дека од утре ќе стапат во штрајк бидејќи сметаат дека не се третирани како треба предложени со Законот за платите.

Новиот закон за плати треба да биде усвоен во Косовското Собрание до крајот на овој месец..

Тие ,како и просветните и здравствените работници бараат зголемување на коефициентот во новиот закон како што вели Мурсељ Зумбери од Синдикатот за јавните службеници,ако до понеделникот не добијат писмена одлука дека нивните барања се исполнети тие ќе започнат штрајк.

Истото  по состанокот во Владата на Косово го изјавија и претставниците на Синдикатот на јавните службеници во сите општини на Косово.

Во Приштина се смета дека добро е што после многу години се донесува закон за платите,но дека сегашното незадоволство е пред се предизвикано од стопроцентното зголемување на платата на премиерот,заменикот премиер и министрите во Владата на Косово ,при крајот на минатата година.