Црна Гора:Казна од 2.000 евра за секој што ќе го користи државното знаме како завеса – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/19 12:35 PM

Црна Гора:Казна од 2.000 евра за секој што ќе го користи државното знаме како завеса

Во Собранието на Црна Гора беше усвоен владиниот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за државни симболи и Државниот ден на Црна Гора,објави Б92

Со овој закон меѓу останатото ,предвидува казна и до 2000 евра за лицата кои што знамето на Црна Гора ќе го користат како завеса или простирка.

Според овој закон,со парична  казна од 1000 до 20.000 евра ќе се казнува правното лице ако го употребува грбот и знамето на начин со кој се нарушува јавниот морал,угледот и достоинството на Црна Гора,ако на грбот и знамето се исправи,додаде или измени ,пренесува сајтот ЦдМ.

Исто така се забранува грбот и знамето се употребуваат за маркетиншки цели.

Како што се наведува ,знамето при поставувањето не смее да го допира подот ,ниту пак некој смее знамето да се користи како простирка или завеса.

Забрането е и да се прават било какви измени во текстот или мелодијата на химната.

Казните за физички лица кои нема да станат  при изведувањето на химната на Црна Гора ќе изнесуваат од 300 до 2000 евра.