Попладне се состануваат највисоките тела на ВМРО ДПМНЕ – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/19 10:46 AM

Попладне се состануваат највисоките тела на ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека денеска ќе одржи седница на Извршниот Комитет на партијата, а подоцна во текот на денот ќе заседава и Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ
На двете највисоки партиски тела ќе се разговара за актуелната политичка состојба, за претседателските избори и за барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори.
Ваквите заседавања доаѓаат по одлуката на СДСМ да го одложи конечниот став во однос на одлуката за предвремени парламентарни избори.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта практично ја носи државата во голема бездна.
По фијаското и целосната капитулација со името и промената на идентитетот, владата гледаме се впушти во нова трка на лажење на јавноста со измислени бројки, сакајќи да ја покрие целосната капитулација во економијата.
Седницата на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе започне околу 14 часот, соопшти партијата.