Пробиштипјанец починал од труење со плин – ММС
ММС

Објавено на: 01/26/19 7:31 PM

Пробиштипјанец починал од труење со плин

Според информациите од Полицијата трагедијата се случија во текот на вчерашниот ден околу 15.25 часот на улицата ,,Македонски револуционери“во Пробиштип.Во неговиот дом бил пронајден починат педесетидве годишниот М.Т.Првичните информации велат дека најверојатно несреќниот маж починал како последица од труење од истечена плинска боца.

Починатиот М.Т бил пронајден од неговиот брат Б.Т кој кога влегол во просторијата исто така паднал во бесознание, по што со помош на други роднини бил пренесен во Медицински центар Штип, каде му била укажана лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.