Трагедија над Алпите: Се судрија авион и хеликоптер – петмина загинати – ММС
ММС

Објавено на: 01/26/19 6:38 PM

Трагедија над Алпите: Се судрија авион и хеликоптер – петмина загинати

Најмалку пет лица загинаа, а двајца се повредени, во судир на мал туристички авион и хеликоптер над италијанскиот дел на Алпите.

Судирот се случил над регионот долината Аоста, во близина на северната граница на Италија, со Франција и Швајцарија, на висина од околу три километри.

Потврдена е смртта на петмина, додека двајца се наоѓаат во болница. Двајца кои се водеа за исчезнати, утрово се пројадени.

Во хеликоптерот се наоѓале шест лица – пилот, водич и четвроица патници кои тргнале на хелио скијање. Во другото летало имало тројца, сите пилиоти кои се обучувале за планински летови.

Засега не е јасно кои се причините за несреќата.