Премиерот Зоран Заев во присуство на вицепримерот Кочо Анѓушев денеска на трибина од Велес порача дека ако треба железни опинци ќе облече само за да го исполни ветувањето – просечна плата во Македонија да биде 500 евра. Заев и Анѓушев одговараа на прашања поставувани од велешани.
Премиерот посочи дека земјава има капацитет да овозможи луѓето достоинствено да заработуваат и да живеат, а младите да не си одат од Македонија. ВМРО ДПМНЕ вели дека плата од 500 евра ќе има кога ќе има и почист воздух за граѓаните. Опозицијата вели дека Заев постојано кажува исти лаги, а народот не му верува.
„Ја зголемивме минималната плата на 12 илјади денари. Таа ја отвори спиралата на покачување на платите. Денеска дојдовме до просечна плата во Македонија од која е за 1.600 денари повисока отколку што беше пред едена година. Сега просечната плата е 24.548 денари. Претходно беше 22.889 денари. Дојдовме до просечна плата 400 евра. Жечезни опинци ќе облечам петстотини евра плата просечна во Македонија ќе има“, рече премиерот Заев.


