Заев: Ако треба и со железни опинци до просечна плата од 500 евра – ММС
ММС

Објавено на: 01/26/19 6:36 PM

Заев: Ако треба и со железни опинци до просечна плата од 500 евра

Премиерот Зоран Заев во присуство на вицепримерот Кочо Анѓушев денеска на трибина од Велес порача дека ако треба железни опинци ќе облече само за да го исполни ветувањето – просечна плата во Македонија да биде 500 евра. Заев и Анѓушев одговараа на прашања поставувани од велешани.

Премиерот посочи дека земјава има капацитет да овозможи луѓето достоинствено да заработуваат и да живеат, а младите да не си одат од Македонија. ВМРО ДПМНЕ вели дека плата од 500 евра ќе има кога ќе има и почист воздух за граѓаните. Опозицијата вели дека Заев постојано кажува исти лаги, а народот не му верува.

„Ја зголемивме минималната плата на 12 илјади денари. Таа ја отвори спиралата на покачување на платите. Денеска дојдовме до просечна плата во Македонија од која е за 1.600 денари повисока отколку што беше пред едена година. Сега просечната плата е 24.548 денари. Претходно беше 22.889 денари. Дојдовме до просечна плата 400 евра. Жечезни опинци ќе облечам петстотини евра плата просечна во Македонија ќе има“, рече премиерот Заев.