Еден загинат и тројца повредени во пожар во Гевгелија – ММС
ММС

Објавено на: 01/26/19 5:51 PM

Еден загинат и тројца повредени во пожар во Гевгелија

Во пожар во продавница за електрика и расветни тела во центарот на Гевгелија, еден човек го загуби животот, а тројца се повредени. Полицијата потврди дека во пожарот починал Љ.А.(41). Според полициските информации, попладнето во 15,50 часот, до полицијата од пожарникарите од ТППЕ Гевгелија, пријавен е пожар, за кој се претпоставува дека избил најверојатно од плинска боца. 

Од гевгелиската Општа болница информираа дека сите повредени биле веднаш префрлени на хирушкото одделение и потврдија дека еден има средно тешки изгореници од прв и втор степен, а двајца се полесно повредени. По санирање на повредите, од болницата велат дека пациентот со изгореници најверојатно со амбулантно возило, ќе биде префрлено на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

На местото на настанот излезе увидна екипа од Обвинителството и полицијата.