Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Градско преку планинскиот превој Плетвар. Забраната е укината од 9:40 часот.
Патниот правец Демир Капија – Гевгелија кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е оспособен за сообраќај за сите возила, информира АМСМ.
Оттаму посочуваат дека од 10:30 часот е укината одредбата за задолжителната зимска опрема на планинскиот премин Стража.


