Укината забраната за камиони на Плетвар, оспособен Демир Капија – Гевгелија – ММС
ММС

Објавено на: 01/26/19 9:42 AM

Укината забраната за камиони на Плетвар, оспособен Демир Капија – Гевгелија

Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Градско преку планинскиот превој Плетвар. Забраната е укината од 9:40 часот.

Патниот правец Демир Капија – Гевгелија кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е оспособен за сообраќај за сите возила, информира АМСМ.

Оттаму посочуваат дека од 10:30 часот е укината одредбата за  задолжителната зимска опрема на планинскиот премин Стража.