ЦО на СДСМ доцни со почеток, но ќе започне без Заев – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/19 6:43 PM

ЦО на СДСМ доцни со почеток, но ќе започне без Заев

Во седиштето на СДСМ, според информациите од таму, во секој момент треба да почне седницата на извршниот одбор на партијата, која се пролонгира поради тоа што авионот со кој премиерот Зоран Заев се враќаше од Давос не успеал да слета на скопскиот аеродром.

Заев и другите членови на владината делегација што беше во Давос, според информациите, се на пат кон Скопје, откако авионот бил пренасочен кон аеродромот во Софија, поради снежното невреме, а откако пилотот неколку пати кружел над Скопје, но не успеал да се приземји.

Поради тоа, извршниот одбор на партијата, најверојатно, ќе заседава без присуство на Заев. Потоа, треба да почне седницата на Централниот одбор, така што се очекува партискиот лидер во меѓувреме да пристигне на „Бихаќска“, за да ги изнесе своите аргумети околу можноста за предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.