Предизборно АВМУ си ја зголеми платата, а одобри вработување на 6 лица – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/19 4:35 PM

Предизборно АВМУ си ја зголеми платата, а одобри вработување на 6 лица

Едногласно, сите членови на Советот на АВМУ се согласија дека треба да им се зголемат платите, во склад со законските промени за пенизиско осигурување. Ова се случува во време на намалени приходи и помал процент на средства што им стигнува од државиот буџет. Во вакви услови донесена е уште една одлука со финансиски импликации, за вработување на шест лица, со образложение дека им се потребни за време на изборите. Ако е така, зошто тогаш добиваат договори на една година?

Интересна беше расправата за одлуката по изборите да се дозволи нарачка на студија за опраданоста за доделување на дозвола за теристеријална телевизија, шти што потпретседателот Милаим Фетаи и членот Зоран Фиданоски ревносно се трудеа да удоволат на барањето на ТВ 24. Фиданоски го оцени барањето на „сериозен играч“, сепак во прашање се потенцијални 100.000 евра во касата на АВМУ, а Фетаи се плашеше да не биде оштетен барателот.

Во сопственоста на 1ТВ АВМУ најде ништо спорно во тоа дека сопственик на оваа телевизија е Миле Јовановски, татко на Бојан Јовановски, кој пак јавно се декларира како сопственик. Советот одлучи да не поведе постапка за испитување на повредата на законот.

Агенцијата денеска одлучи да го поништи огласот за избор на заменикот директор, што беше распишан на неколку дена пред усвојувањето на новиот закон, според кој на актуелниот состав на агенцијата им престанува мандатот, до изборот на нов. Ако тогаш во име на законот брзаа да го пополнат местото што стоеше празно цели шест години, отако увидоа дека законот не им ги загрозува ниту одлуките, ниту работните места , на денешната седница повотрно во легалистички стил побрзаа да се оправдаат дека ова го рават за да не бидат партиски етикитирани и логично е да го поништат конкурсот.