Општина Штип и по 2,5 години од одлуката тактизира со стечајот на Ј.П Штип-проект – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/19 4:37 PM

Општина Штип и по 2,5 години од одлуката тактизира со стечајот на Ј.П Штип-проект

Претходната власт  само го придвижи но не го заврши процесот за ликвидирање на штипското Јавно Претпријатие ,,Штип-проект“.Со тоа засега нема намера да се занимава и сегашната власт.И за едните и за другите тоа е само уште една главоболка чие што решавање  може на површина да ги изнесе сите вистини  за она што се случувало во оваа јавно претпријатие,што со години беше параван на реализирање на многу партиски интереси и злоупотреби.Иако во моментов во претпријатието нема ниту еден вработен ниту пак има активна сметка тоа не значи дека треба да се заборави што се’ се случувало ,зошто се случувало и зошто се дозволувало да се случува.Сепак станува збор за Јавно претпријатие кое што работело со парите на граѓаните  и тие имаат право да знаат.

Преходниот совет на штипската локална самоуправа донесе решение за  поведување на постапка за стечај на Ј.П Штип проект,но официјално постапка за стечај нема поднесено ниту претходната , а засега ниту сегашната власт.

Состојбата во  претпријатието веќе трета година  нема активна сметка,нема вработени а во Централниот регистар се уште фигурира како директор Никола Пиперевски ,кој во пензија е повеќе од две години.

Советот на општина Штип, решение  за поведување на постапка за стечај донесе на 11 мај 2016 година.

Образложението на Советот за покренување на стечајна постапка беше образложено  со блокирана сметка на претпријатието повеќе од 45 дена.

Оваа одлука  само го  официјализира  одумирањето на оваа јавно претпријатие но само во рамките на Локалната самоуправа.Предлог за стечај до судот воопшто не е поднесен,информираат од  општината а потврди и тогаш в.д директорот ,Никола Пиперевски.

Последниот директор на Штип-Проект  вели дека бил назначена за в.д директор , само да ги потпише решенијата за прераспределба на вработениее, по што самиот заминал во пензија.

Тој вели дека иако претпријатието не функционира, нема сметка и самиот е во пензија ,никако не може да ги пробие бирократските бариери ,неговото име да биде избришано од Централниот регистар.Тој вели дека бил и во Скопје но засега без успех.

Со оглед на тоа што се уште фигурира како одговорно лице во Централниот регистар ,во неколку наврати бил повикуван и на судски рочишта, за што морал да потпишува и изјава во судот и да образложува зошто не треба повеќе да го повикуваат да образложува  за  долгови или побарувања направени во години наназад,кога други лица фигурирале како директори.

Ј.П ,, Штип-Проект“ е формирано од Советот  во март 1998, но практично со работа почнува од мај истата година.Целта на неговото формираше беше изработување на урбанистички планови за општината, техничка документација за реализирање на тие планови,уредување на градежно земјиште,одржување на улициите во градот како и други кумунални дејности.

Дел од овие активности беа преземени од Ј.П Стипион, формирано во 2011 година а се до згаснувањето требаше да ги изработи и заврши започнатите урбанистички планови како и обврските кон граѓаните.

Директорот на Ј.П Стипион, Сашо Протогеров, вели дека од Штип–проект се преземени четворица вработени.Тие во ,,Стипион “ го работат тоа што го работеа и во Штип-проект,изработка на урбанистички планови.Некои од вработените биле префрлени во службите на општината а една од вработените заминала во приватна фирма.

Во меѓувреме долговите на претпријатието се зголемуваа .Во 2015 година се шпекулираше дека по основ на договори Штип-проект на граѓаните им должи  250.000 евра.Колку во моментов должи и побарува оваа јавно претпријатие никој не знае или не сака да каже.

И нашите обиди преку Слободниот пристап до информации да добиеме податоци за некои наши прашања поврзани со оваа јавно претпријатие останаа без одговори.

На прашањето до општината какви се натамошните намерите на локалната самоуправа како основач за оваа јавно претпријатие,добивме штур одговор кој вели дека ЈП „Штип Проект“ со одлука на Совет на Општина Штип е претпријатие во стечај без вработени лица. Во иднина се чекаат извештаи од други институции за ова јавно претпријатие.

Не добивме одговор и на прашањето упатено до градоначалникот ,дали има намера пред целосното ликвидирање на оваа Јавно Претпријатие да се направи некаква ревизија за работењето и дали со

ликвидирањето на Ј.П ќе се овозможи прикривање на бројните криминали што се правеле со години наназад ?

,,Општина Штип не може да прејудицира за финалниот исход на овој предмет. Тоа би било надминување на ингеренциите.

Општина Штип ќе продолжи да постапува согласно пропишаните правила и закони во овој случај“пишуваше во официјалниот одговор

Познавачите на приликите во оваа јавно претпријатие кое во моментов е ,,ни на земја ни на небо“велат дека официјализирањето на стечајот сигурно не е во интрес и на сегашнаtа локална гарнитура, затоа што тоа ќе значи и оактивирање на долговите на претпријатието, кои што во случајот ќе паднат на грбот на општината,како нејзин основач

Како што вели последниот директор на Ј.П Штип-Проект,Пиперевски претпријатието имало и побарувања, но дали се помали или поголеми од долговите треба да кажат пресметките.

Веројатно состојбата на статус кво  и одговара на општината ,тоа се потврдува  и со фактот што и по повеќе од една година власт не е преземено ништо.