Беше најбогат фудбалер во светот, а сега се бања во корито и прави скара на цигли – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/19 3:16 PM

Беше најбогат фудбалер во светот, а сега се бања во корито и прави скара на цигли

Легендарниот бразилски фудбалер Адријано важеше за еден од најголемите таленти, кои се појавиле на фудбалските терени. Исто така и за еден од фудбалерите, кои има најсилен шут во историјата.

Со Бразил беше шампион на светот во 2002 година во легендарната генерација со Роналдо, Роналдињо, Кака, Кафу, Роберто Карлос, Ривалдо, Дида…

Ги помина сите категории на Бразил, а на крајот одигра 48 натпревари и постигна 27 голови за националниот тим.

На клупско ниво најголема трага остави во Интер, во кој стигна во 2001 година, од каде што замина во Фиорентина, а потоа и Парма, па на крајот се врати во Интер, каде што остави голема трага во наредните четири години, од 2004 до 2008 година.

Адриено порасна во Рио де Жанеиро, каде што владее сиромаштија и критиминал, па фудбалот му беше единствениот излез.

Сепак, никогаш не ги заборави своите роднини, а сега на Инстаграм се појавија фотографии како се бања во корито и прави скара на цигли.

 

View this post on Instagram

 

Estou na piscina na favela rs

A post shared by Adriano imperador (@adrianoimperador) on

 

View this post on Instagram

 

Que coisa maravilhosa rs

A post shared by Adriano imperador (@adrianoimperador) on

Превземено од: supersport.mk