Могерини, Јункер и Хан ја поздравија ратификацијата во грчкиот Парламент – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/19 2:51 PM

Могерини, Јункер и Хан ја поздравија ратификацијата во грчкиот Парламент

Со надеж дека следните процедурални чекори ќе водат кон целосна имплементација на Преспанскиот договор, претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, високата претставничка за надворешна политика, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан  “топло ја поздравија“ ратификацијата на на Преспанскиот  договор во грчкиот Парлемент.

-Од самиот почеток ЕУ силно го поддржа историскиот договор потпишан од Премиерите Ципрас и Заев под водство на ОН. Потребна беше политичка храброст, лидерство и одговорност од сите страни за да се надмине еден од најтешките спорови во регионот. Двете земји ја искористија оваа уникатна прилика која дава пример за помирување во цела Европа и ќе донесе дополнителен поттик за европската перспектива на регионот, стои во заедничката изјава .