Извлечени групите за Копа Америка, Бразилците имаа голема среќа – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/19 2:24 PM

Извлечени групите за Копа Америка, Бразилците имаа голема среќа

Фудбалската репрезентација на Бразил, домаќин на годинешното издание на Копа Америка, ќе игра во групата А со селекциите на Боливија, Венецуела и Перу, одлучи ждрепката во Рио Де Жанеиро.

Бразил ќе го започне натпреварувањето со мечот против Боливија, на 14. јуни во Сао Пауло.

Селекторот на Бразил, Тите, се сложи со констатацијата дека неговата екипа имала среќа во ждрепката.

„Свесни сме за тоа, но исто така сме свесни и за фактот дека мораме да играме добро со цел да ги добиеме тие натпревари“, изјави Тите.

Аргентина е сместена во групата Б заедно со Колумбија, Парагвај и гостинската репрезентација, селекцијата на Катар.

Во групата Ц е актуелниот шампион Чиле, заедно со Уругвај, Еквадор и втората гостинска репрезентација – Јапонија.

Првите две екипи од секоја група, плус и двете најдобро третопласирани репрезентации ќе се пласираат во четвртфиналето.

Копа Америка ќе се игра од 14. јуни до 7. јули за кога е закажано финалето на „Маракана“.

Преземено: Спорт Клуб