Овие намирници ќе ви помогнат да се чувствувате подобро и да бидете поздрави…
По празничното прејадување, дојде време за здравата храна. Ви претставуваме 7 намирници од кои ќе се чувствувате подобро и ќе бидете поздрави.
- Авокадо
Иако во исхраната се избегнува поради калориите, нема потреба да го правите тоа. Авокадото е хранливо и ќе ви помогне да се чувствувате сито поради големата количина на масти и влакна. Авокадото може да го јадете свежо, во некоја салата или пак ставете го во прелив.
- Ореви
Изгледаат како нашиот мозок, а и навистина го одржуваат здравјето на мозокот. Истражувањата покажаа дека една порција јаткасти плодови дневно може да помогне во борбата против Алцхајмерова болест, за зајакнување на помнењето и намалување на депресијата.
- Грав
Гравот нема во себе масти ниту холестерол, а богат е со влакна, протеини, магнезиум и калциум. Добар сојузник е во борбата против дебелината, ракот на дебелото црево, дијабетесот и болестите на срцето.
- Кикирики
Богат извор на протеини и незаситени масти. Содржи силни антиоксиданси кои позитивно влијаат на кардиоваскуларниот систем.
- Овесни снегулки
Би требало почесто да ја вклучувате оваа намирница во вашето мени бидејќи содржи витамин Б1.
6.Чај
Најздрав е зелениот чај бидејќи е извор на полифенол, антиоксиданс кој може да ве заштити од неколку видови на рак, како и да го намали ризикот од болести на срцето и мозочниот удар.
- Бадеми
Добар извор на влакна, а содржи калциум кој помага во изградбата на коските. Совршена замена за чипс или соленки.
Преземено: Денар


