Заев му честита на Ципрас:Заедно со нашите народи испишавме историска победа – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/19 2:12 PM

Заев му честита на Ципрас:Заедно со нашите народи испишавме историска победа

“Честито мој пријателе Алексис Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа. Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа’, напиша македонскиот премиер Зоран Заев до неговиот грчки колега, Алексис Ципрас по ратификацијата НА Преспанскиот договор.

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, го нарече решавањето на спорот за името “историски исчекор” за двете земји, за регионот и за Европа во целост.

-Им аплаудирам на лидерите од двете страни за нивната храброст и визија, напиша Хан.

Овој успех, додаде тој, немаше да се случи без јасната перспектива за членство во ЕУ за наскоро именуваната Северна Македонија.

-Ова е силата на атракцијата на ЕУ во најдобро светло, која носи стабилност и просперитет за регионот во време кога дестабилизирачките сили растат.

Тој рече дека е лично задоволен што патот кон Преспа започна со договорот од Пржино во 2015, кој тој лично го посредуваше и кој и овозможи на земјата да излезе од длабока политичка криза.

-Оттогаш земјата започна длабоки реформи и ги реши споровите со соседите, ова треба да биде инспирација за целиот регион, заклучи Хан.