Во Штип во ист ден на ,,Косовска“ нападнати и оштетени две возила – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/19 2:12 PM

Во Штип во ист ден на ,,Косовска“ нападнати и оштетени две возила

За период од половина час две возила биле нападнати на улицата ,,Косовска“ ,бележи полицискиот билтен.Првиот инцидент според пријата на педесетидвегодишниот Е.А се случил вчера во 13 часот .Додека тој се движел со своето возило ,,Венто“  пред бањата ,,Черења“ непознато лице замавнало со предмет и ја оштетил шофершајбната на возилото.

По половина час на истата улица е нападнато уште едно возило.Триесетипетгодишниот Д.П пријавил во Полиција  дека додека се движел со возилото непознато лице почнало да удира со раце на предното ветробранско стакло и го оштетил .По преземаните мерки и активности од страна на полициски службеници откриен е сторителот, дваесетишест годишниот Б.Н од Штип.По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден полицискиот билтен бележи уште едно загрозување на сообраќајот но овој пат со недолично однесување на лицето А.Д.Тој  под видно  дејство на алхохол на крстосницата од ул,,Сремски Фронт“ со улицата ,,Драги Крупишки“ го загрозувал нормалното одвивање на сообраќајот.Лицето е приведено во Полициската станица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.