Изгласан Преспанскиот договор во грчкиот Парламент – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/19 1:32 PM

Изгласан Преспанскиот договор во грчкиот Парламент

За Преспанскиот договор гласаа 153 пратеници, 146 пратеници гласаа против, а еден воздржан. Со тоа Договорот од Преспа е ратификуван во Грција.

За договорот гласаше целата пратнеичка група на СИРИЗА  на Ципрас со 145 пратеници, седум независни пратеници и еден пратеник од Независни Грци.

Лидерот на опозициската „Нова демократија“, Кирјакос Мицотакис веднаш по гласањето изјави  дека „денеска е тажен ден за Грција“.

„Ќе се борам со сета моја моќ за ублажување на негативните последици, кои сигурно ќе произлезат од проблематичен договор.

Денес е тежок, тажен ден за Грција. Владата, со големо мнозинство, гласаше за катастрофалниот договор во Преспа. 

Нејзината ратификација значи официјално признавање на македонскиот јазик и идентитет за жителите на Скопје за прв пат од страна на грчката влада“, изјави Мицотакис.

Осумте пратеници кои го поддржаа Договорот од Преспа се: претседателот на Демократска левица, Танасис Теохраопулос, кој беше избришан од коалицијата Демократска алијанса, сега независен пратеник; Спирос Данелис, кој беше избришан од Река, сега независен пратеник;,Ставрос Теодоракис, Јоргос Мавротас и Спирос Ликудис, од Река, кои по распадот на пратеничката група официјално се независни пратеници; Елена Кундура, министерката за туризам, поранешна членка на Независни Грци, сега независна пратеничка; Катерина Папакоста, заменик министерка за цивилна заштита, сега независна пратеничка; Танасис Папахристопулос, пратеник од Независни Грци.

Со поединечно прозивање сите 300 пратеници требаше да кажат дали гласаат „за”, „против” или „воздржано”.