Државна лотарија на Македонија додели уште еден ЈЕЕP COMAPASS – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/19 1:18 PM

Државна лотарија на Македонија додели уште еден ЈЕЕP COMAPASS

Инстант лозот „Биди вип – вози џип“ израдува уште еден добитник, кој своето ново возило ќе го вози низ улиците на Кавадарци.

Живко Арсов од Кавадарци за првпат решил да гребе инстант лозови и од продажното место Браво Нутс, кое се наоѓа во Кавадарци во близина на Мостот, купил три инстанти „Биди вип – вози џип“. Третиот лоз му донел и три исти симболи на автомобил, кој му донесоа JEEP COMPASS. Живко, воопшто не можел да поверува на својата почетничка среќа, но од тогаш секој ден купува по неколку инстант лозови и ја очекува својата следна добивка.

Следна цел му е седумката во НовоЛото 7/34 , која во моментов изнесува над  15 милиони денари. И денес, на денот кога ги зеде клучевите од својот нов автомобил, на продажното место на Државна лотарија на Македонија повторно купи неколку инстанти и порача дека и понатаму е во потргага по среќата и добивките.

Инаку инстант лозот „Биди вип – вози џип“ во продажба е од 01.11.2018 година и како главна добивка нуди 10 автомобили JEEP COMPASS. Во игра се уште вакви автомобили , но и многу парични добивки – соопшти денеска Државната видеолотарија на Македонија.