Кога еден поранешен војник пред 10 години дознал дека неговото село ќе биде срушено, тој зел четка и почна да црта по надворешните ѕидови на куќите и оттогаш не престанува да црта.
Неговото име е Хуанг Јанг, но сите го викаат Дедо Виножито. Хуанг има 96 години, живее во Тајван и црта на сите куќи.
Владата сакала да ги демолира куќите да го уништи селото,па така Хуанг почнал да црта како што го научил татко му кога бил дете.Тој нацртал 11 куќи со сопствени пари за бои. Неговата уметност го заштитила селото. Владата се согласила дека тајвандското село треба да биде заштитено.
Ханг се’ уште се буди во 3 часот наутро и почнува да црта.
„Никогаш нема да престанам да цртам, дури ни кога ке бидам 100 години“ – изјавил старецот.
Повеќе од еден милион туристи годишно го посетуваат селото на Хуанг за да ги видат неговите цртежи.
„Не знаев дека толку ќе им се допадне на туристите, сега сите го сакаат моето село и го посетуваат“ – додал Хуанг.


