Граѓаните утре на протест под мотото „ЕЛЕМ да ја ослободи Попова Шапка“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/19 11:29 AM

Граѓаните утре на протест под мотото „ЕЛЕМ да ја ослободи Попова Шапка“

„ЕЛЕМ да ја ослободи Попова Шапка“ е мотото на утрешниот протест во организација на Иницијатавата „Да ја спасиме Попова Шапка“. 

Месецов ова е втор протест на Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“. Активистите сметаат дека со првиот протест постигнале некакви резултати, но не се откажуваат од ваквите радикални чекори, се’  додека ЕЛЕМ не се откаже од Попова Шапка.

Од Иницијатива оваа скијачка сезона ја оценуваат како една од најнеуспешните.

Протестот ќе започне утре во 11 часот пред жичарата во Тетово, каде ќе се блокира и патот Тетово -Попова Шапка.