Змија сокриена во ве-це школка касна жена – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/19 11:43 AM

Змија сокриена во ве-це школка касна жена

Педесет и деветгодишната Хелен Ричардс од Австралија, била  касната од неотровна змија-питон  во својот дом во Брисбејн. Таа добила само мали рани од питонот.

Ракувачот Јасмин Зелени, кој го извадил рептилот, изјавил дека е вообичаено да се најдат змии кои бараат вода во тоалетите за време на топлото време.

Ричардс пак, за локалните медиуми раскажала дека почуствувала  „остар удар”.

„Скокнав од школката и се свртев и видов нешто што наликуваше на желка со долг исправен врат“, додала Хелен.

Таа била третирана со антисептик, бидејки иако овој питон е безопасен препорачливо е да се прима инјекција.