Годинава „финале“ за едни од најпопуларните серии – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/19 10:33 AM

Годинава „финале“ за едни од најпопуларните серии

Game of Thrones, The Big Bang Theory, Orange is the New Black и Homeland се некои од сериите кои ќе завршат токму годинава. Овие серии впрочем немаат ништо заедничко, освен фактот дека од нив произлегува светската слава за актерите кои глумат во нив, а кои претходно не и’ беа познати на јавноста.

Кит Харингтон, кој го игра Џон Сноу во „Игра на тронови“, вели дека никогаш нема да се обиде да се дистанцира од својот сакан лик од серијата – објавија медиумите.

„Со нетрпение очекувам  што е следно, мислам дека е најдобро да не се обидуваме да планираме или да предвидиме” – вели актерот.