Емери: Нормално е тоа што Мурињо доби отказ, Јунајтед е сега друг тим – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/19 10:00 AM

Емери: Нормално е тоа што Мурињо доби отказ, Јунајтед е сега друг тим

Тренерот на Арсенал, Унаи Емери пред вечерашната средба во четвртото коло од ФА купот против Манчестер Јунајтед порача дека Црвените Ѓаволи се друг тим откако ги превзеде Солскер.

Арсенал и Јунајтед ќе го одиграат првото дерби во оваа фаза од натпреварувањето во ФА купот.

Шпанскиот стручњак кажува дека Јунајтед е тим кој во моментот игра со далеку поголема самодоверба отколку во последниот пат кога се сретнаа на Олд Трафорд, каде што натпреварот заврши 2-2.

„Нормално е тоа што Мурињо доби отказ. Не бев изненаден. Тимот има одлични фудбалери, а изгубија премногу бодови. Во овој момент Јуанјтед е многу опасен и е во добра форма. Ова сега е друг тим, има многу повеќе самодоверба. Морам да ги изберам најдобрите 11, бидејќи ќе биде неопходно да го дадеме својот максимум“. изјави Емери.

Превземено од: supersport.mk