КУЧЕШКА ПРИВРЗАНОСТ: Верно куче со денови во снегот ја чека сопственичката на местото каде што таа го исфрлила – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/19 9:13 AM

КУЧЕШКА ПРИВРЗАНОСТ: Верно куче со денови во снегот ја чека сопственичката на местото каде што таа го исфрлила

ММС, 25.01.2019

Кучешката љубов, верност и приврзаност се големи, а во тоа деновиве се уверија и жителите на Гламочани во близина на Бања Лука. Кај надвозникот покрај местото пред повеќе денови сопственичката го исфрлила од автомобил и оставила кучето, кое оттогаш упорно стои во снегот на местото очекувајќи сопственичката да се врати.

– Како и секој работен ден и тоа утро возев преку надвозникот за да стигнам на работа во блиската фирма. Пред себе забележав сопрен црвен автомобил. Малку забавив. Од црвениот автомобил излезе жена, го отвори гепекот, од него извади куче, го остави фрлајќи му парче леб, седна во автомобилот и замина. Кучето и сега е на местото каде што го остави – за „Српскаинфо“ раскажува бањалучанецот кој видел како несовесната сопственичка го оставила кучето.

Приказната за верното куче се раширила, па добри луѓе завчера му направиле куќарка на местото, а и секој ден му носат храна, додека тоа и понатаму упорно ја чека сопственичката.