Белгија ослободила од затвор речиси 200 терористи – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/19 9:08 AM

Белгија ослободила од затвор речиси 200 терористи

Вкупно 182  лица осудени во Белгија за тероризам биле ослободени, рече министерот за правда Кун Генс, цитиран во локалните медиуми.

Во таа цифра се  терористи, нивни соучесници,  лица  кои ширеле за омраза и радикални криминалци.

Ослободените биле осудени по пробивањето на ИД во Сирија од 2011 година.

Од нив, 74 се на списокот на безбедносни служби за континуирано следење.

Во затвори во Белгија сега има 230 лица кои се осудени за тероризам. Од нив, 25 се во  затвори со строг режим.

Извор:МИА